Ансу Фати наследник на „десетката“ на Меси во Барселона

Од:

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона одлучи дресот со бројот 10, кој цели 13 години го носеше Аргентинецот Лионел Меси, да му го додели на својот голем талент, 18-годишниот Ансу Фати, објави попладнево каталонскиот клуб на својот официјален сајт.

Меси ова лето, по две децении минати во Барселона, премина во редовите на ПСЖ, а дресот со бројот 10 во каталонскиот клуб го носеше од 2008 година.

Претходно, „десетката“ беше во сопственост на Бразилецот Ривалдо.

Нова „деветка‘ на Барселона ќе биде Мемфис Депај, дресот со бројот 7 по заминувањето на Антоан Гризман премина кај Усман Дембеле, додека новото засилување Серхио Агуеро ќе го носи дресот со бројот 19.

Би можело да ве интересира

Барселона одреди милијарда евра за откупната клаузула во новиот договор на Педри

Ана Ололовска

Депај: Никогаш нема да зажалам што се приклучив на Барселона

Ана Ололовска

Лапорта: Куман останува тренер на Барселона

Ана Ололовска

Суарез пред дербито против Барселона: Нема да се радувам ако постигнам гол

Ана Ололовска

Хетафе повтори негативен рекорд во шпанското првенство

Ана Ололовска

„Марка“: Оваа Барселона е смешна, Куман: Мораме да бидеме реални

Ана Ололовска