Ангеловски: Играта може да се подобри, но важни се бодовите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по победата од 2-0 на гостувањето кај Лихтенштајн со головите на Барди и Несторовски во Лигата на нациите, изјави дека може да играат и подобро, но најважни се освените три бода.

Со вчерашната победа Македонија дојде на чекор до пласман во полуфиналето во лига „Д“ од ова натпреварување.

– Мора да се честита за победата на натпреварот и остварување на целта. Играта секако дека може да се подобри, но бодовите се најважни. За жал, останавме без Адеми, кај кого се појави тахикардија, па со лекарскиот тим решивме да не настапи. Лихтенштајн одлично се бранеше, но по голот на Барди, беше многу полесно, изјави синоќа селекторот Ангеловски.

Тој изрази и жалење за повредата на Спировски, кој се пожали на повреда на коленото, но ќе мора да се почекаат дополнителните прегледи за да се види сериозноста на повредата.

Во однос на жолтиот картон на Горан Пандев, поради кој ќе паузира со Гибралтар, вели дека е штета што капитенот нема да игра, но сепак мора да се извојува победа во понеделник во Скопје на „Градски“. Следен натпревар за напаѓачот на Џенова би требало да биде во квалификациите кои почнуваат во март наредната година.

– Штета што доби жолт картон. Добро ќе беше да го прослави јубилејот од 100 натпревари за репрезентацијата со Гибралтар. Сепак треба да ја завршиме работата и без него, додаде Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Познати можните противници на Шкендија во првото квалификациско коло од ЛШ

Парондо: Барселона се фаворити, ние немаме што да изгубиме

Стартуваше второто издание на кампот на Реал Мадрид Фондацијата во Охрид

Наум Локоски

Вардар ќе биде исфрлен од Европа ако не ги подмири долговите

Наум Локоски

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија

Наум Локоски

Куп на Македонија: Победа ја елиминираше Шкендија

Наум Локоски