Анчелоти за иднината на Бејл во Реал: Ако биде мотивиран, ќе има одлична сезона

Од:

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за иднината на играчот од средниот ред, Герет Бејл, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем.

– Бејл не одигра многу натпревари во Премиер лигата, а сепак постигна 11 гола. Беше многу ефикасен на последните натпревари и се здоби со стабилност. Го познавам добро. Ако има мотивација, може да има одлична сезона не се сомневам во тоа, изјави Анчелоти.

Претходно, пред назначувањето на Анчелоти во Реал Мадрид, беше објавено дека мадридскиот клуб планира да го продаде Бејл. Неговиот договор со „кралевите“ се пресметува до 30 јуни 2022 година.

Анчелоти работеше со Бејл кога беше тренер на Реал во периодот 2013-2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска