Анчелоти пред реваншот со Арсенал: Ни треба храброст, ум и срце

Од:

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти бара од своите играчи храброст, ум и срце, со кои ќе се обидат да ја израмнат негативата од првиот натпревар против Арсенал.

Неаполитанците загубија со 0:2 во Лондон пред една недела и ќе имаат тешка задача за реваншот од четвртфиналето во Лига Европа утре.

– Со три зборови: имаме потреба од храброст, ум и срце. Во првиот натпревар видов сосема малку срце само на почетокот на натпреварот.

Ум имаше и во двете полувремиња, а утре момчињата ќе ги остават срцата на теренот. Наполи е единствениот италијански тим, кој остана во евротурнирите и се надевам дека така ќе биде и по утрешниот натпревар, прокоментира Карло Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ