Американски новинар ги откри начините на кои Новак Ѓоковиќ се обидувал да влезе во САД

Од:

Метју Футерман, новинар на „Њујорк тајмс“, ги објасни начините на кои Новак Ѓоковиќ се обидел да влезе во САД и да игра на турнирите во Индијан Велс и Мајами.

„Тој очајно сакаше да игра и почна со телефонски повици и лобирање со луѓе кои Ѓоковиќ и неговиот тим знаеја дека имаат врски со администрацијата на Бајден, вклучувајќи ја и Били Џин Кинг, една од најдобрите тенисерки на сите времиња“.

„Били Џин Кинг, која работеше со администрацијата на Бајден минатата година на прославата на „Title IX“ клучниот закон што им гарантира на девојките и жените во Америка еднакви можности во спортот, во негово име се обрати до нејзините контакти во Белата куќа. Преку контакти во Белата куќа се обидуваше и Здружението на тенисери, организација која Ѓоковиќ ја води од 2020 година.

Во текстот понатаму се вели дека овие обиди досега биле неуспешни, но дека ќе продолжат и во наредните недели.

Ѓоковиќ и неговиот менаџер Едоардо Арталди му се обратиле и на Кен Соломон.

„Ѓоковиќ и Арталди директно стапија во контакт со Кен Соломон, извршен директор на „Тенискиот канал“ и човек кој собра многу средства за кампањите на претседателот Бајден и за поранешниот претседател Барак Обама. соломан им се обратил на највисоките функционери во Белата куќа велејхќки дека забраната е неправедна и дека учеството на Ѓоковиќ значително ќе го зголеми присуството на Индијан Велс“, вели Футерман.

Тој додава дека четири лица кои работат во тенисот, американската влада и со Ѓоковиќ ги опишале обидите на српскиот тенисер да влезе во САД. Некои од нив побарале да останат анонимни за да не ги загрозат односите со администрацијата на Бајден.

Новинарот на „Њујорк тајмс“ смета дека неиграњето на Ѓоковиќ е голем удар за мини-турнејата низ САД, која ќе се одржи и без повредениот Рафаел Надал.

Ѓоковиќ веќе се повлече од Индијан Велс, турнир чиј директор Томи Хас отворено се залагаше и се обидуваше српскиот тенисер да игра во Калифорнија. Неговото место ќе го заземе Николоз Басилашвили.

Останува надежта дека ќе настапи во Мајами на турнирот кој започнува на 20 март. Ова ќе бара брзи промени, што во моментов не е реално. Пред 11 мај, за кога е планирано да се укинат ограничувањата поврзани со коронавирусот, не може да се очекува ублажување на мерките.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата