Американци го купија најстариот италијански фудбалски клуб

Од:

Најстариот италијански фудбалски клуб Џенова, во чии редови настапува македонската фудбалска легенда Горан Пандев, премина во рацете на американскиот инвестициски фонд „777 Partners“ за сума 150 милиони евра.

Италијанските медиуми објавија денеска дека американската компанија и претседателот на Џенова Енрико Презиоси постигнале договор и многу скоро во врска со зделката ќе биде објавено официјално соопштение.

„777 Partners“ е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана е во 2005 година, а во нејзиното портфолио имаат и малцински удел во шпанскиот прволигаш Севиља.

Џенова е формирана на 7 септември 1893 година и е најстариот фудбалски клуб во Италија. За Џенова од 2015 година настапува рекордерот според бројот на настапи во македонскиот дрес и најдобар стрелец на сите времиња Горан Пандев.

Би можело да ве интересира

Шевченко е нов тренер на Пандев во Џенова

Пандев ќе одигра уште една сезона за Џенова

А1он

Елмас стрелец за Наполи во дуелот со Џенова

А1он

Прандели нов тренер на Џенова

Наум Локоски

Со часови се држел за жица и чекал спасувачи по рушењето на надвозникот во Џенова

Наум Локоски