Алонсо: Прерано е да се одреди капацитетот на автомобилот

Ограниченото време на Фернандо Алонсо на патеката „Индијанаполис“ во тестот за „Инди 500“ во средата не му дозволува да утврди дали возилото на Мекларен ќе биде меѓу фаворитите во најгламурозната трка од американските автомобилски серии Индикар.

Шпанецот сврте само 29 круга поради софтверска грешка во возилото, чија поправка одзеде околу 45 минути. Во прилог на поројниот дожд, тој предвреме ја прекина сесијата.

– Иако немавме среќа со времето и наидовме на некои проблеми со возилото, сепак направивме неколку добри обиколки и адреналинот е висок, па јас сум среќен. Како тим, планот за денес беше да изградиме брзина чекор по чекор. Времето ни беше ограничено и не беше доволно за сè, па затоа е тешко да се утврди капацитетот на возилото. Уште часови на патеката е она што ни треба. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа во мај. Го чувствувам различно ова издание на Инди 500. Ја познавам трката, нејзината должина и ние треба да бидеме порелаксирани. Имаме на располагање две недели и доста работа да се заврши, но уверен сум дека одиме во вистинска насока“, изјави Алонсо.

Во првиот ден од официјалниот тренинг за Инди 500 на 14 мај, Алонсо е должен да запише десет круга на „Индијанаполис“ со брзина над 215 милји на час (346 км /ч).

Би можело да ве интересира

Шефот на Ферари: Фетел е среќен и мотивиран во Ферари

Хонда се изненадени од својот напредок

Прост: Грешките на Фетел можеби се должат од недостаток на мотивација

Биното се повлекува како технички директор на Ферари

Ред Бул ги урна сите брзински рекорди на Ф1 трката во Силверстон

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

Ана Ололовска