Алкараз сигурен во Париз, Медведев се испокара со судијата и загуби

Од:

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, лесно влезе во осминфиналето на Мастерсот во Париз, откако со 6:4/6:4 го совлада Јапонецот Јошихито Нишиока, но Данил Медведев во бурен меч испадна од Австралиецот Алекс де Минаур и од понеделник ќе испадне од топ 4 во светскиот тенис.

19-годишниот Алкараз, актуелниот шампион од САД опен, во следното коло игра со подобриот од мечот меѓу Григор Димитров и Фабио Фоњини, откако против Нишиока имаше 30 директни победнички топки и покрај тоа што уште закрепнува од повредата на левото колено.

„Се обидов да го најдам моето најдобро ниво и мислам дека играв навистина добро. Не сакам да размислувам за притисокот како светски број 1“, вели Алкараз.

Феликс Оже-Алијасим остана во игра за четврта титула во исто толку недели, откако во драматичен меч се врати за 6:7(6)/6:4/7:6(6) побед над Швеѓанецот Микел Имер, а и петтиот носител, Стефанос Циципас е во осминафиналето по 6:3/6:4 триумфот над Ден Еванс. Толку среќа немаше Медведев, кој се намачи против Де Минаур при 6:4/2:6/7:5 поразот, а имаше и бурна расправија со судијата, кого го обвини дека имал „лош ден“.

„Не зборував за публиката, туку за лошиот меч на суијата. Публиката беше сосема коректна, но судијата ја загуби контролата“, вели Медведев.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Откако се пласираше во осминафиналето, Алкараз на камерата напиша необична порака

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Никој не верува во победа на Алкараз