Екипата на Катјуша стигна до првата победа на годинешното 101. издание на Тур де Франс, откако попладнево на 12-та етапа, Норвежанецот Александер Кристоф беше најдобар во завршниот спринт пред Петер Саган.
Жолтата маичка останува кај Винченцо Нибали, без промени во првите 10.
„Конечно стигнав до победата, навистина сум среќен“, рече Кристоф.