Александар Стојкоски од Прилеп победник на зимската планинска трка Чупино вертикал на Плачковица

Од:

Александар Стојкоски од Прилеп е победник на зимската стрмна трка Чупино вертикал, што се одржа на падините на планината Плачковица, а чиј организатор е Здружението за планински спортови „Running squad“ од Виница.

Стојкоски беше најбрз меѓу педесетината натпреварувачи – маратонци од Македонија, Бугарија и Белгија, кои имаа задача да ја совладаат патеката долга 5,5 километри со висинска разлика од над 1.000 метри, чија почетна точка беше во селото Блатец, а целта на врвот Чупино.

– Првпат учествувам на трката Чупино вертикал која е доста е напорна, посебно поради стрмнината и непристапноста, а и тоа што на последните 1.500 метри имаше тврд снег. Конкуренцијата беше одлична, а мене ми требаа педесетина минути за да ја истрчам патеката. Организацијата беше одлична, се надевам дека трката ќе стане традиционална, истакна победникот Стојкоски.

Веднаш зад Стојкоски на целта пристигнаа домашниот маратонец Марјан Бонев и Мајкл Ван Белен од Белгија. Во женска конкуренција најбрзи беа Мери Мирчевска и Сања Најдовски од Македонија и Емилија Христова од Бугарија.

Планинската трка до врвот Чупино се одржа по втор пат, но беше прво натпреварување во зимски услови. Покровител е локалната самоуправа на Виница, а финансиска поддршка во организацијата обезбедија и локалните компании.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска