Алегри за поразот од Интер: Понекогаш изгледа како фудбалот да е измислен од ѓаволот

Од:

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри истакна дека е многу разочаран по губењето на Суперкупот на Италија. „Старата дама“ синоќа во Милано загуби од Интер со 2:1 со гол примен во последните секунди од второто продолжение. По 90 минути резултатот беше изедначен 1:1.

dobivaj vesti na viber

– Тоа беше вистински натпревар, добар тест за да разбереме каде сме. За жал, понекогаш изгледа како фудбалот да го измислил ѓаволот. Наивна грешка направивме на пет секунди до крајот, но игравме против најсилниот тим во Италија во моментов. Да загубите на пет секунди пред крајот боли, но тој гнев мораме да го искористиме за Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Треба да ги гледаме позитивните страни, тимот расте, особено физички. Беше еден натпревар, но не помина како што сакавме, па сега ќе се фокусираме на лигата, истакна Алегри.

За Интер ова беше шести трофеј во Суперкупот на Италија.

Би можело да ве интересира

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска

Жиру ги казни тактичките решенија на Инзаги, Милан победи во „Дерби дела Мадонина“

Ана Ололовска

Мурињо: Рома е „мала“ во очите на моќните

Ана Ололовска

Рома не успеа да ја победи Џенова

Ана Ололовска

Навивачите на Јувентус истакнаа транспарент со кој му посакуваат смрт на Ањели

Ана Ололовска