Алегри сакал да се ослободи од пет играчи на Јувентус

Од:

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри побарал од раководството големо реновирање на тимот за следната сезона, соопшти „Тутоспорт“. 51-годишниот тренер сакал во текот на летото да се раздели со петмина фудбалери и лично да им најде заменици на овие позиции.

Алегри не ги сакал во тимот следните фудбалери – Марио Манџукиќ, Даглас Коста, Пауло Дибала, Жоао Кансело и Алекс Сандро.

Италијанецот го предводеше Јувентус од летото 2014 година. Под негово раководство тимот освои 11 трофеи – петпати домашното првенство, четири пати Купот на Италија и два пати Суперкупот на земјата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска