Алегри сака да се врати на работа, за него се заинтересирани ПСЖ и Манчестер јунајтед

Од:

Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа по едногодишна пауза, јавуваат италијанските медиуми. Тој го напушти Јуве на крајот на минатата сезона.

Според „La Gazzetta dello Sport“, фудбалскиот стручњак би сакал да престојува во Италија за да живее дома со своето семејство. Сепак, во моментот е малку веројатно дека тој ќе најде опција што му одговара во Серија А.

За Италијанецот е заинтересиран Манчестер јунајтед. Тренерот на овој клуб Оле Гунар Солскхер може да биде отпуштен од работа доколку тимот не влезе во Лигата на шампиони.

Во исто време, и францускиот шампион ПСЖ покажува интерес за 52-годишниот Италијанец кој може да го замени Томас Тухел на тренерската функција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски