Алдервеирeлд го напушта Тотенхем како слободен агент

Од:

Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервеирeлд е подготвен да почека до следното лето за да го напушти клубот. По една година, неговиот договор истекува и тој може да замине како слободен агент.

До пред неколку недели, тој имаше клаузула за ослободување во договорот од 25 милиони фунти. Лондонскиот тим беше подготвен да се раздели сонего, но не пристигнаа понуди. Единствениот клуб со сериозен интерес беше Рома, но сега веројатноста Италијанците да направат предлог што ги задоволува петлите до 2 септември е минимална.

Алдервеирeлд минатата сезона зеде учество во 50 натпревари на сите турнири и Маурисио Почетино планира да се потпира на него и покрај ситуацијата. Сепак, клубот не сака тој да замине без пари и сака да земе трансфер сума, откако ќе се обиде да го продаде во наредните недели

Би можело да ве интересира

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем

Ниту одбранетиот пенал не го сопре – Хери Кејн „сам“ ги победи Нотингем

„Светците“ само ги налутија Тотенхем, „обновениот“ Њукасл стартуваше со победа над Форест

Тотенхем го доби Ленгле на позајмица од Барса