Актуелниот шампион на НБА убедлив против Лејкерси

Од:

Актуелниот шампион Торонто го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 107:92 во нивниот прв натпревар од рестартирањето на регуларната сезона во НБА во Орландо.

Репторс покажаа речиси совршена одбрана и ги задржаа лидерите на „езерџиите“ Ентони Дејвис и Леброн Џејмс на вкупно 34 поени, а херој на вечерта беше Кајл Лори, кој забележа 33 поени, 14 скокови и 6 асистенции за 11-та последователна победа на „диносаурусите“ над Лејкерс. Леброн досега не вкусил успех против овој противник, откако игра за Лејкерси.

Покрај Лори, одличен натпревар за Репторс имаше и О Џеј Ануноби, кој забележа 23 поени при 8/9 прецизен шут од поле. Паскал Сикам додаде 15 поени и 7 скокови, иако немаше ден, шутираше само 5/17, а Фред ВанФлит додаде 13 поени и 11 асистенции за успехот на Торонто.

Кошаркарите на лидерот во Западната конференција Лејкерс не успеаја да се справат со одличната одбрана на својот противник, запишувајќи само 35,4 проценти успешен шут од игра, што е нивно најслабо достигнување во сезоната. Леброн Џејмс заврши со 20 поени, 10 скокови и 5 асистенции, Кајл Кузма додаде од 16 поени од клупата,

Ентони Дејвис постигна 14 поени, но беше задржан од само 2 успешни удари од теренот, а Дион Вотерс и Алекс Карузо додадоа 12 и 11 поени соодветно.

Резултати од НБА:

Денвер – Мајами – 105: 125
Оклахома – Јута – 110: 94
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс – 126: 103
Индијана – Филаделфија – 127: 121
Торонто – Л.А. Лејкерс – 107: 92.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа