Ако го освојат трофејот, Холанѓаните ќе патуваат во вселената

Од:

Доколку се случи холандската фудбалска репрезентација да победи на Светското првенство во Бразил, нејзините членови ќе патуваат во вселената.

Холандската компанија „СХЦ“, која нуди туристички посети на вселената, одлучи со едно такво патување да ги награди сите членови на репрезентацијата на Холандија ако го освојат Мундијалот.

Мотивот за ваквата одлука на „СХЦ“ произлегол од „летот“ на Робин ван Перси при првиот погодок на дуелот со Шпанија.

– Како холандска компанија многу сме годри на тоа што го прават Холанѓаните на СП. Голот на Ван Перси не натера да направиме нешто посебно. Ако го освојат првенството, ги водиме далеку од земјата, соопштија од „СХЦ“.

Цената на патување организирано од оваа компанија изнесува 70 илјади евра за едно лице. Холандските репрезентативци тоа ќе го добијат бесплатно под услов да победат на шампионатот во Бразил.

Во 1/8 финалето Холандија утре ќе игра со Мексико.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски