Академија Пандев поразена и на гости со 3:0

Од:

Академија Пандев и на реванш натпреварот против Зрињски Мостар претрпе длабок пораз од 3:0.

Академија Пандев беше поразена со идентичен резултат и пред една недела во Скопје, така што вкупниот резултат од двата натпревари е 6:0 за босанската екипа, која продолжува понатаму.

Првото полувреме од натпреварот заврши нерешено без голови, а на првите пет минути од вториот дел домаќините поведоа со голот на Станиша Мандиќ. За 2:0 се погрижи Милјан Говедарица кој во 79 минута постигна спектакуларен гол. А со голот на Ренато Гојковиќ во последната минута од натпреварот, се постигна конечниот резултат на натпреварот 3:0.

Зрињски Мостар се пласираа на второто претколо на Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска