Академија Пандев го совлада Работнички во Скопје

Од:

Фудбалерите на Академија Пандев попладнево освоија важни бодови во битката за опстанок, откако триумфираа на гостински терен против Работнички со 2:0, во премиерниот натпревар од 23 коло во Првата македонска фудбалска лига.

Марио Крстовски го донесе струмичкиот прволигаш во водство во 12 минута, а победата на гостите ја завери Кристијан Велиновски во 77 минута.

Екипата на Академија Пандев го прескокна Силекс на табелата и сега е деветтопласирана со 25 бодови, додека Работнички, по првиот пораз во пролетниот дел од сезоната, остана петтопласиран со 32 бодови.

Преостанатите пет натпревари во рамки на 23 коло во ПМФЛ се играат в недела, од 15 часот, а двојките се: Борец – Беласица, Македонија ЃП – Силекс, Шкендија – Пелистер, Шкупи – Вардар, Струга Трим – Ренова.

Би можело да ве интересира

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Академија Пандев доведе засилување од Аргентина

Горан Наумовски

Шкендија со деветмина го победи Работнички

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Васоски се врати во Академија Пандев