Академија Пандев ги почна подготовките за пролетниот дел од првенството

Од:

Струмичкиот фудбалски проволигаш „Академија Пандев“ денеска ги почна подготовките за пролетниот дел од првенството на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица.

На првиот собир, под раководство на новиот тренер Александар Васоски, присиствуваа сите фудбалери на кои ќе може да смета стручниот штаб, како и засилувањата централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.

Првиот дел од подготовките ќе се одвива во Струмица, а на 20 јануари „пандевци“ продолжуваат во Анталија, Турција, каде ќе останат 14 денови и ќе одиграат и неколку контролни натпревари.

Во паузата на првенството од клубот заминаа Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.

Би можело да ве интересира

Винисиус планирал забава за 100 луѓе, на сите им ветил Ролекси

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед купи нов тренер за 10 милиони евра

Предраг Петровиќ

Враќањето на Балотели во Серија А – прашање на денови

Предраг Петровиќ

Навивачите му го свртеа грбот на Клоп: „Дали си луд?“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Масовна тепачка меѓу фудбалерите на натпревар во Србија, десет црвени картони

Предраг Петровиќ

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0