Ајнтрахт го враќа Дост во Бундеслигата

Од:

Ајнтрахт (Франкфурт) ќе го врати Бас Дост во Бундеслигата по три сезони отсуство, а според Фреди Бобич, договорот е прашање на време. 30-годишниот напаѓач во моментов е во сопственост на Спортинг (Лисабон), но двата клуба се во напредни преговори и се очекува сè наскоро да биде финализирано.

– Никогаш не е лесно со Спортинг (Лисабон), прокоментира Бобич, но додаде дека трансферот на Дост на „Комерцбанк Арената“ е „неизбежен“ и зависи само од тоа кога ќе бидат финализирани некои „мали детали“.

Дост беше дел од Волфсбург помеѓу 2012 и 2017 година, постигнувајќи 36 голови на 85 натпревари во Бундеслигата во тој период. Откако е играч на тимот од Лисабон, Холанѓанецот има постигнато 76 гола на 83 настапи во лигата.

Фудбалерот, висок 196 сантиметри, играше за Емен, Хераклес и Херенвен во својата родна земја, а има 18 натпревари и 1 гол за репрезентацијата на Холандија. Во Ајнтрахт, тој ќе се натпреварува за место во стартните 11 со Дејан Јовелиќ и Гонзало Пасиенсија, кои се единствените два типични напаѓачи во составот на Адолф Хутер.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска