Ајакс бара 25.000.000 евра за лев бек

Од:

Ајакс ја постави цената за левиот бек Никола Таљафико. Клубот од Амстердам нема да го продаде за помалку од 25.000.000 евра.

Бројни европски великани се заинтересирани за играчот на репрезентацијата на Аргентина. Таљафико пристигна од Индепедиенте во 2018 година и оттогаш е стандарден играч во тимот на Ерик тен Хаг.

Тој има одиграно 38 натпревари за Ајакс оваа сезона, постигна пет гола и забележа седум асистенции, а во поголемиот дел од сезоната играше како централен дефанзивец.

За него има интерес од Манчестер Јунајтед, Барселона и Јувентус, па Ајакс најверојатно ќе го продаде, бидејќи Таљафико не сака да го продолжи договорот со холандскиот тим.

Левиот бек во моментов има договор до летото 2022 година.

Би можело да ве интересира

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Ана Ололовска

Тен Хаг потпиша договор со Ајакс до 2023 година

Жарко Настоски