Агуеро се враќа во тимот, Ди Марија го пропушта дуелот со Холандија

Од:

Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија поради повреда ќе го пропушти полуфиналниот натпревар од СП против Холандија, додека Серхио Агуеро ќе биде подготвен да му се стави на располагање на селекторот, потврди денеска лекарот на „гаучосите“ Даниел Мартинез.

Агуеро ја повреди задната ложа на средбата со Нигерија во групната фаза, но ги помина лекарските прегледи и се очекува да се врати на дуелот со „лалињата“.

– Агуеро е подготвен. Добро се одвиваше неговиот процес на опоравување. За разлика од него Ди Марија нема да може да игра. Тој не е сериозно повреден и можно е да се појави на теренот во евентуалното наше финале, им изјави Мартинез на новинарите во Бразил.

Ди Марија го повреди бутниот мускул на четвртфиналниот натпревар со Белгија одигран во саботата.

Натпреварот Аргентина – Холандија ќе се одигра в среда од 22 часот во Сао Пауло.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска