Аеродром домаќин на 23. издание на завршницата од кошаркарскиот куп

Од:

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ викендов кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром ќе ја организира завршницата на Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот од последните три сезони по пауза од 14 години е домаќин на турнирот кој ќе го даде 23. куп победник.

Денеска се играат двете полуфиналиња:

Од 17 часот: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув,

Од 20:30 часот: Работнички – Куманово.

Победниците ќе играат утре во финалето закажано за 20:30 часот. Како предигра на овој дуел е младинското финале (17 часот) во кое ќе учествуваат МЗТ Скопје Аеродром и Вардар.
Најмногу трофеи досега има освоено Работнички – осум, МЗТ Скопје седум пати го подигал победничкиот пехар, по две победи имаат Фени Индустри и Никол Ферт Гостивар, по еднаш победувале Вардар Осигурување, Деликатес Кочани и АМАК СП.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос