Адетокумбо ги растури Лејкерси, Финикс победија во Филаделфија

Од:

Финикс Санс славеа победа во Филаделфија, а Милвоки триумфираа кај Лос Анџелес Лејкерс во дерби натпреварите одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.

Финикс ја задржаа водечката позиција во лигата (44-10). Салнс, во Филаделфија, надополнија минус од 14 поени и победија 114:105. Лидерот има 14 победи во лигата, на последните 15 натпревари.

Девин Букер постигна 35, Микел Бриџис 23, а ветеранот Крис Пол забележа 16 поени и 12 асистенции. Филаделфија ја предводеа Џоел Ембид со 34 поени и 12 скока, односно Тобајас Херис со 30 поени.

Актуелните шампиони, Милвоки Бакс, среде Лос Анџелес, ги декласираа Лејкерси со 131:116.

Неверојатен натпревар одигра Јанис Адетокумбо. Гркот погоди 17 од 20. обид од игра, мечот го заврши со 44 поени, 14 скокови и осум асистенции. Јанис доби помош од Боби Поертис (23 поени) и Крис Мидилтон (21 поени).

Кај Лејкерси Леброн Џејмс забележа 27, Ентони Дејвис 22, а Малик Монк 20 поени.

Далас Маверикс лесно се справија со Детроит Пистонс (116:86). Лука Дончиќ мечот го заврши со 33 поени, седум скока и 11 асистенции. За Словенецот ова беше 32. натпревар во кариерата со најмалку 30 поени и 10 асистенции.

Пред наполнети 23 години, ваков учинок имал само легендарниот Оскар Робертсон.

Нов дабл-дабл забележа Никол Јокиќ. Српскиот центар во победата на Денвер над Њујорк 132:115, забележа 21 поен, 11 скокови и седум асистенции.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа