Абрахам: Очекувам да го освоиме ЕП 2020

Од:

Младата фудбалска надеж, Тами Абрахам го постигна својот прв гол за Англија на средбата со Црна Гора во европските квалификации, со што си зачува место на турнирот за следното лето.

Фудбалерот на Челзи има исклучителна сезона на клупско ниво со 11 постигнати голови на 18 натпревари.

На прашањето за неговите идни планови, младиот напаѓач покажа завидна самодоверба и рече дека очекува да го освои ЕП 2020 и да се пласираше во топ 4 со Челзи.

– Небото е граница. Се надевам дека ќе го освојам Европското, ќе бидам во топ 4, па дури и во топ 2 во Премиер лигата. Се надевам, не сакам да се оптоварувам. Сега морам да ја развија мојата игра. Не сакам да биде само за една сезона, туку за многу години. Отсекогаш верував дека ќе постигнам многу голови, но сепак има многу работи што треба да ги подобрам, рече Абрахам.

Според него ќе има многу пречки, но мора да остане фокусирани. –

– Едноставно треба да дадеш се од себе на секој натпревар, да ги игнорираш останатите и да се фокусираш. Тоа е сè што имаш потреба, за да бидеш играч на највисоко ниво. Секогаш да веруваш, дури и во тешки периоди, изјави младиот човек.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска