АБА Лига: МЗТ со убедлив пораз од Цедевита

Од:

Екипата на МЗТ Скопје доживеа нов пораз пред своите навивачи во АБА Лигата, овојпат во 21. коло од Цедевита со 64:85 (13:15, 18:26, 17:16, 16:28).

Домашниот тим само во првата четвртина успеа да им се спротистави на гостите од Хрватска, но веќе пред полувремето Цедевита се стекна со двоцифрена предност. Во второто полувреме гостите само рутински го одржуваа водството до конечен триумф.

Најефикасни во составот на „Металците“ беа Спасојевиќ со 13 поени, Лалиќ со 12 поени дополнети и со 6 скока, Соколов запиша 11 поени, а Дамјан Стојановски 10 поени. Во победничкиот тим предводеше Чери со 20 поени, а Укиќ мечот го заврши со 15 постигнати поени.

Македонскиот шампион и по овој пораз остана на последната позиција во АБА лигата со само три победи и 18 порази. Цедевита, пак, по триумфот се израмни на второто место со Будуќност со по 16 победи. Лидер е Црвена Звезда со 17 победи и 3 порази.

Последниот меч во АБА-лигата сезонава, кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го одиграат следната недела и тоа на гостински терен кај Морнар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски