16 членови на Работнички заразени со коронавирус, ракометното првенство пред прекин

Од:

Вкупно 16 членови на ракометниот клуб Работнички се заразени со коронавирусот, соопшти клубот. Сите се наоѓаат во изолација и немаат посериозни симптоми.

Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата, кој требаше да се одигра утре, е одложен.

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга и Охрид, па поради тоа суперлигашката група „А“ е во мирување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скопјани за носењето маски на отворено: Вирусот не лебди во воздухот, нема да носиме маски и по цена да платиме казна

Габриела Димковиќ-Мишевска

Филипче: Модуларната болница е речиси исполнета, обезбедени легла на Клиниките за дерматологија и неврологија

Ана Ололовска

Пендаровски: Локдаунот во Франција и Германија не е полициски час каков што ние имавме

Искра Манојлоска

Филипче: Нема некоја значајна компликација на здравствената состојба на Спасовски

Ана Ололовска

Совет на безбедност: Додека не пристигне вакцината, нема друг спас освен почитување на мерките

Искра Манојлоска

Спасовски хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје

Ана Ололовска