10-годишниот Бошев го искачи врвот Мормулада во Италија

Од:

Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга карпа, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите.

– За овој подвиг тој интензивно се подготвуваше на македонските планински врвови. Во тоа многу му помогнаа Магдалена Климова од Охрид и Александар Кленов од Демир Капија. Уште еднаш ги почувствува убавините, но и ризиците на планините, изјави денеска неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.

Експедицијата броела 12 планинари, пет од Македонија и седум од Србија.

Младиот неготинец планинари од неполни три години. Досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство и многу признанија.

Би можело да ве интересира

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска

Спасени четворица кои залутале на Кожув