Зошто шест општини во Албанија останаа без градоначалници?

Од:

Во Албанија на 6 март ќе бидат одржани делумни предвремени избори за градоначалник во шест општини, за што партиите веќе се во договори за можните кандидати.

Ќе се гласа во Скадар, Драч, Пешкопеја, Вора, Рогожина и Лушња на 940 гласачки места а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас.

Кои се причините што општините останаа без градоначалници, сите од редовите на владејачката Социјалистичка партија?

Во општина Скадар новоизбраниот Валдрин Пјетри не ни седна во градоначалничката фотелја. Се откажа од мандатот по обелоденувањето дека бил казнуван во Италија за шверц на дрога, соопштувајќи дека сака како обичен граѓанин да ја докаже својата невиност. Функцијата продолжи да ја извршува дотогашната градоначалничка Волтана Адеми од опозициската Демократска партија.

Поради истата причина и градоначалникот на Вора, Агим Кајмаку, беше разрешен од функцијата откако се потврди дека го фалсификувал образецот за декриминализација. Тој прикрил дека бил апсен и бил под истрага во Грција за кривично дело употреба на фалсификувани пари, како и за прикривање на лажен идентитет (Јорго Тото), што го користел во Грција.

Општина Рогожина од февруари 2020 е без градоначалник по ненадејната смрт на Хаџи Мола, додека градоначалникот на Пешкопеја, Дионис Имерај поднесе оставка откако се кандидираше за пратеник на листата на СП.

Градоначалничката на Драч Валбона Дако се повлече по направениот гаф, по катастрофалниот земјотрес во ноември 2019 година, кога изјави дека добро е што има 52 загинати зашто можело и повеќе.

Последна општина која остана без градоначалник е Лушња, во јули 2021 година, кога градоначалникот Фатос Туше беше разрешен откако беше уапсен за корупција.

Локалните избори се одржаа на 30 јуни и истите ги бојкотираше обединетата опозиција, предводена од Демократската партија, па од 61 општина дури во 60 новоизбрани градоначалници беа од редовите на Социјалистичката партија, освен во општина Финиќ, населена со припадници на грчкото малцинство, каде беше избран кандидат на партијата МЕГА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија