Злосторство какво што не памети Црна Гора

Од:

Вук Бориловиќ од Цетиње вчера во центарот на црногроската престолнина уби десет сограѓани и рани шестмина. Надлежните велат дека се уште утврдуваат зошто триесет и четиригодишникот решил да го направи тој „гнасен чин“ и повикуваат на солидарност со семејствата на загинатите.

Тело на напаѓачот е испратено на обдукција, а првичните информации говорат дека е убиен од сограѓанинот Н.К. додека бил опкружен со полиција.

За време на крвавата драма во која уби и две малолетни деца, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

Според тврдењата на надлежните, при размена на оган со полицијата бил застрелан од сограѓанинот Н.К. Претходно, Бориловиќ одби да и се предаде на полицијата.

Надлежните црногорски институции повикаа на воздржаност. Велат дека деталите како се случила големата трагедија и како е убиен Бориловиќ ќе ги соопштат веднаш штом ќе ги утврдат фактите.

Неговото тело синоќа било испратено на обдукција, а според неофицијални информации има повеќе прострелни рани. Вештаците ќе утврдат како загинал и дали е пукано од едно оружје.

Според официјалните податоци, Бориловиќ околу 15 часот и 30 минути влегол во станот на своите станари и ја убил единаесетгодишниот М., постоа го убил неговиот три години помлад брат и потоа од прозорецот пукал во нивната мајка.

Откако ги убил, им се јавил на нивниот татко и сопруг Милош Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорниците на Вијести од Полициската управа.

Во следните 45 минути на вкупно 80 метри од неговата куќа убил уште седум лица, а ранил шест.

Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ влегол во куќата на соседот каде ги убил постарите сограѓани – Данијела и Димитрије Дрецун и тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрецун (56), кој кога слушнал пукање истрчал кон куќата.

Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).

Тој ранил уште четворица соседи – Славица Звитер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите се оперирани и се сместени на Одделот за интензивна нега.

Надлежните не ги открија деталите и мотивите кои го навеле Бориловиќ да го изврши бруталниот чин.

Директорот на Полициската управа (УП), Зоран Брѓанин, доцна синоќа соопшти дека, според засега познатите околности, Бориловиќ околу 15 часот и 30 минути ги убил првите жртви – семејството Мартиновиќ:

„Засега не е јасно што го поттикнало В.Б. на ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од живот. Нагласувам дека околностите на целиот настан, вклучително и загубата на животот на В.Б. се уште се утврдуваат, а за сите детали јавноста ќе биде информирана преку медиумите. Сакам да изразам и надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваква трагедија во Црна Гора“, рече Брѓанин, додавајќи дека сочувствува со семејствата на жртвите и дека се надева дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат известија доцна синоќа од црногорската полиција.

Последните информации од болнички извори велат дена едно од повредените лица е во критична состојба. Владата на Црна Гроа прогласи тридневна жалост.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора