Златна зора се инфилтрира во грчката полиција

Од:

Грчката крајнодесничарска партија Златна зора се инфилтрира во полицијата на различни нивоа, објави Гардијан повикувајќи се на висок офицер во грчката полиција кој побарал анонимност.

Според него, Владата затвора очи за фашистите и можно е крајната десница да се искористи за предизвикување судири со демонстранти и за борба со грчката левица.

Изворот тврди дека раководството на полицијата имало можност да изолира и отстрани мали “фашистички гнезда“ но одлучиле тоа да не го прават.

Државата сака да ги задржи фашистичките елементи „како резерва“ и да ги искористи за свои цели, наведува полицискиот офицер.

Портпаролот на полицијата Христос Манурас негираше дека Министерството „користи каква било политичка формација против друга“.

Златна зора доби 6,9 отсто гласови на парламентарните избори во јуни и има 18 пратенички места. Најновите анкети укажуваат дека оттогаш поддршката кон партијата е двојно поголема, наведува Гардијан.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски