Жена загина во судир на борбено возило на Војската на Србија и автомобил

Од:

Жена загина денеска во сообраќајна несреќа, што се случила околу 15 часот на патот Вршац-Панчево, на влезот во селото Владимировац, кога борбено возило „Милош“ на Вооружените сили на Србија, се враќало од редовна мисија и се судрил со цивилен автомобил, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

Како што се наведува во соопштението, загинатата жена управувала цивилно моторно возило.

Надлежните органи веднаш пристигнале на местото на настанот.

Истрагата е во тек.

Министерството за одбрана и војската на Србија изразија длабоко жалење за загубениот животи, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Загина 40-годишен маж во сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

Сообраќајка на регионалниот пат Битола – Демир Хисар

Ана Ололовска

Загинатиот Македонец во сообраќајката кај Врање има 25 години

Ана Ололовска

Тешка сообраќајка кај Врање: Автомобил со македонски регистерски таблички излетал од патот

Предраг Петровиќ

20-годишник прегазил скопјанка и избегал од местото на несреќата

Ана Ололовска

18 години затвор за пијаниот возач кој уби 11-годишно девојче на пешачки во Велес

Анита Петровска Рајковиќ