Зголемен бројот во Бугарија на починати и новозаразени од Ковид-19

Од:

Бугарија бележи нов скок во бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 за последните 24 часа.

Властите во државата соопштија дека во последното деноноќие бројот на новозаразени изнесува 2.760 од 9.946 спроведени ПЦР тестови.

Најголем број на новозаразени има во Софија – 1.075, следен е Пловдив со 206 и Благоевград со 160.

Во моментов има 25.105 активни случаи, од кои 2.316 се хоспитализирани, а 162 пациенти се лекуваат на единиците за интензивна нега.

Во изминатите 24 часа, 36 лица го загубија животот, меѓу нив е и 39-годишен наставник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит