Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 на Кипар

Од:

Нагорен тренд, бележи Кипар во изминатите денови, во однос на новите случаи на Ковид-19, со оглед на тоа дека вчера беа регистрирани 827 новозаразени, односно 1,99 отсто позитивни од направените тестови, што е највисок процент во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на месецов, индексот на позитивни случаи од направени тестови е над еден (од 1,2 до 1,99 проценти), а претходно, на крајот на јуни беше меѓу 0,5 до 0,8 отсто.

Од почетокот на епидемијата, во Република Кипар, од Ковид-19 починаа 380 лица, регистрирани се 79.636 случаи, а според последните официјални податоци од Министерството за здравство, заклучно со вчера хоспитализирани се 89 пациенти, од кои 26 се во сериозна состојба.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска