Зголемен број на нови случаи на Ковид-19 во Грција

Од:

Во Грција денеска се регистрирани 110 нови случаи на Ковид-19, првпат трицифрен број по подолго време, а само девет од новозаразените се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните случаи се во Солун -37, од кои 10 се од свадба, 23 се во Кавала, 19 во поширокиот регион на Атина, по три на Крф и Халкидики итн.

Бројот на нови случаи во Грција секојдневно расте, со оглед на тоа дека во понеделникот беа регистрирани 35 новозаразени, вчера 78, а денеска 110, додека пак во изминатите шест дена, има вкупно 397 нови случаи.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.587 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција