Зетот на Ердоган, кој важеше за негов можен наследник, целосно се повлече од политиката

Од:

Зетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Берат Албајрак, денеска поднесе оставка од местото потпретседател на Турскиот суверен фонд, три недели откако се повлече и од функцијата министер за финансии.

Албајрак, кој меѓу аналитичарите важеше за можен наследник на Ердоган, предизвика политички земјотрес кога на 8 ноември поднесе оставка од функцијата министер за финансии, со образложение дека тоа го прави поради здравствени причини. Тој во 2018 година беше именуван за потпретседател на Турскиот суверен фонд, со кој управува Ердоган.

Албајрак нема дадено изјава откако ја напушти министерската функција, а со последната оставка, според турските медиуми, се потврдува неговото повлекување од турскиот политички живот.

Турскиот суверен фонд е формиран во 2016 година и управува со државниот имот во фирмите, а финансира големи инфраструктурни проекти. Според официјални податоци, Фондот управува со 177 милијарди турски лири (околу 10 милијарди евра) во 20 компании, меѓу кои и „Туркиш ерлајнс“ и банките „Зират“ и „Халкбанк“.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица