Зери: Одлуките на владата на Харадинај по неговата оставка се неуставни

Од:

Сите одлуки што ги донеле министрите во косовската Влада во последниот месец, откако премиерот и претседател ан Алијанската за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, поднесе неотповиклива оставка, се неуставни, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Харадинај на 19 јули поднесе неотповиклива оставка на премиерската функција, а Заери пишува дека неговите постапки што следеа потоа се сметаат за „неуставни и неморални“.

И покрај неотповикливата оставка, пишува весникот, Харадинај и неговите министри продолжија да донесуваат одлуки за различни прашања, кои се критикувани и од експертите за уставно право.

По оставката, Харадинај на 26 јули се појави во неговиот премиерски кабинет на што, спред толкувањето на експертите, немал никакво право, додека неговите министри донесувале одлуки без спроведени процедури.

Министерството за правда, на пример, на 23 јули објави конкурс за избор на нови нотари, а два дена подоцна Министерството за образование објави конкурс за нови вработувања.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он