Земјите од Западен Балкан ќе почекаат на ковид вакцините од ЕУ

Од:

Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, изјави дека ЕУ работи интензивно на тоа да им овозможи на земјите партнери на западниот Балкан да ги добијат вакцини, но дека ќе треба да се почека уште некоја недела.

На прес-конференција попладнево посветена на стратегијата за вакцинирање во ЕУ, Схинас порача дека проблемот не е во парите туку во достапноста на дозите за вакцини против Ковид-19.

-Парите се достапни за помош, ситуацијата во која се наоѓаме сега ќе бара уште неколку недели трпение, повеќе од парите проблемот е во количината на достапни вакцини. Дури и со пари не може да се најдат доволно вакцини на пазарот, изјави Схинас, одговарајќи на новинарско прашање за ветените вакцини за Западен Балкан.

Тој додаде дека на претстојниот самит на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи в четврток ќе се разговара и за оваа тема, но Схинас не сакаше да открие повеќе детали за количните и роковите во овој момент.

-Еден опиплив знак на солидарност би било да почнеме со вакцинација на специфични групи на западниот Балкан, како здравствените работници и социјалните работници, тоа би било симболичен и значаен гест од страна на ЕУ, рече потпретседателот на Европската Комисија, повторувајќи дека ЕУ е посветена да набави дози за регионот и за другите соседи на ЕУ што е можно побрзо.

Слична порака испрати и еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес која потсети дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“ и изрази надеж дека шефовите на држави и влади во ЕУ ќе успеат да постигнат согласност за западен Балкан на состанокот в четврток, за да се покријат потребите на овие земји додека системот Ковакс почне да функционира.

Европската Комисија од земјите членки бара домарт да вакцинира барем 80 отсто од населението над 80 годишна возраст и барем 80 отсто од здравствените работници. До ова лето, земјите членки треба да имаат вакцинирано најмалку 70 отсто од возрасното население доколку сакаат да се излезе од кризата што поскоро, порача Схинас.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ