Здравко Кривокапиќ: Ѓукановиќ ме предложи за мандатар на новата црногорска валда

Од:

Носителот на една од трите победнички листи на парламентарните избори во Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, објави на Твитер дека по консултациите, претседателот Мило Ѓукановиќ го предложил за мандатар на новата влада што ќе ја предводи земјата.

„По консултациите, денеска бев предложен од претседателот на Црна Гора како мандатар за состав на новата Влада на Црна Гора. Предлогот ќе биде официјално испратен денеска до претседателот на Парламентот на Црна Гора”, напиша Кривокапиќ.

Кривокапиќ наведе дека новата влада, прва во Црна Гора во последните 30 години во која нема да учествува ДПС на Мило Ѓукановиќ, ќе биде формирана најдоцна до 8 ноември.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора