Збунувачки податоци за новозаразените во Србија – вкупната бројка двојно поголема од онаа во збирниот извештај

Од:

Вкупниот број на новозаразени во Србија во текот на вчерашниот ден е двојно поголем од збирната бројка што ја соопшти републичкиот кризен штаб, ако се соберат бројките од локалните заводи за јавно здравје и кризни штабови, објави телевизијата Нова С.

Според телевизијата, речиси е невозможно да се дојде до веродостоен резултат по пребројувањето на одделните извештаи, а новинарите сепак вчера, кога официјално во Србија имаше 359 нови случаи на Ковид-19, избројале 791 новозаразен.

Слична ситуација имаше и претходниот ден, кога официјалната бројка беше 396, а со собирање на податоците од сите градови, таа изнесуваше 562.

Министерот за здравство Златибор Лончар вчера се обиде да ги објасни збунувачките бројки.

„Има тука разни случаи, некои се водат како позитивни, но се уште не им стигнале резултатите од ПЦР тестовите, некои допрва треба да се тестираат со таа метода за да бидат примени во болница, а има и такви што се тестираат на три места, па трипати се појавуваат во резултатите,“ рече Лончар и додаде дека бројките се помалку важни, а приоритет се пациентите.

Министерот не појасни како е можно некој „трипати да се тестира“ во текот на еден ден, но според редовите пред амбулантите и локациите за тестирања, физички е невозможно да се стигне на три теста во 24 часа, пишува Нова С.

Според телевизијата, резултатите од новинарското пребројување на новозаразените се „прелиминарни“ и веројатно многу повисоки, затоа што во пресметките за вчерашниот ден ги нема податоците за Белград, во кој живее една третина од населението во Србија, потоа недостасуваат официјални податоци за бројот на новозаразени во Ниш, Врање и Лесковац,

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов