Заврши седницата на Владата во Србија, Вучиќ вечерва ќе и се обрати на јавноста

Од:

Денеска се одржа седница на Владата на Србија, а на неа присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ ги информирал членовите на Владата за состојбите, предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија, кога е во прашање Косово, соопшти прес-службата на Владата на Србија.

Претседателот Вучиќ од членовите на Владата побарал целосна посветеност, трудољубивост и уште поинтензивна и помоќна работа во иднина.


Како што е наведено, договорено е претседателот на Републиката, Владата на Србија и сите органи на извршната власт да работат усогласено и унифицирано.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во 20:00 часот ќе и се обрати на јавноста. Како што соопштија од службата за медиумска соработка на Претседателот на Републиката, обраќањето ќе се одржи во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката.

Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата, јави Бета.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Србија: Осмооделенец скокна низ отворен прозор во училиште и почина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка за ќебапи во Лидл во Србија

ВИДЕО: Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски е меѓу хероите што спречија трагедија во Србија

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) „Кочи, кочи, кочи“: Со нивната брза реакција спречија трагедија во верижната сообраќајка кај Суботица

Ана Ололовска

Уапсен таткото кој ја држеше својата 8-годишна ќерка затворена во стан во Белград

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голем верижен судир поради песочна бура во Суботица, во сообраќајката учествуваа 14 возила

Ана Ололовска