Затворена седница на бугарската влада поради тензиите меѓу Русија и НАТО

Од:

На затворена седница на бугарската влада расправа за извештајот на министерот за одбрана Стефан Јанев во кој детално се презентирани информации за состојбата со тензиите меѓу НАТО и Русија, како и за одлуките донесени на вчерашниот Совет за национална безбедност поврзани со ставот на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, подготвената позиција на Бугарија максимално го штити националниот интерес, коментираше на почетокот на средбата бугарскиот премиер Кирил Петков. По расправата за извештајот на министерот за одбрана, членовите на кабинетот ќе проценат кој дел од него е таен и во Народното собрание ќе го презентираат само оној што не е доверлив, рече Кирил Петков.

Премиерот Кирил Петков им се заблагодари и на членовите на кабинетот што работат на дијалогот со Северна Македонија, а особено на министерот за надворешни работи за организирањето на вчерашната заедничка владина средба со делегацијата од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит