Затвор за газдата и капетанот на „Атлантија“ на кој почина италијански турист, а две деца едвај се спасија

Од:

Сопственикот на едрилицата Атлантија, Зоран Баук е осуден на две години затвор, а на иста казна е осуден и капетанот на бродот Јерко Марасовиќ. Станува збор за случај од 2019 година кога 57-годишниот италијански бизнисмен Еугенио Винчи почина од труење со јаглерод моноксид на Хвар на едрилицата Атлантија, а две деца бea префрлени во болница во Сплит во критична состојба и едвај преживеаa, додека други тројца возрасни италијанските туристи кои се наоѓаа на бродот поминаa со полесни повреди.

По одбраната на обвинетиот и завршните зборови на странките, судијата Миле Ребиќ го промени обвинителниот акт, па тие беа осудени за тешко кривично дело против општата безбедност по општо опасно дело, но поради невнимание, додека обвинителството ги товареше со индиректна умисла што повлекува посериозна казна, јавува Далмација Данас.

Формалниот сопственик на Атлантија, Зоран Баук во дел од одбраната се засноваше на фактот дека на бродот всушност имало келнер и морнар, а де факто сопственици се неговите родители. Се бранеше тврдејќи дека целосно му верувал на електричарот Томислав К. кој бил задолжен за поправка на генераторот во машинската соба и ниту еднаш не му сугерирал дека постои таква опасност.

Капетанот на бродот Марасовиќ изјави дека поради него се таму каде што се. Тој тврди дека не знаел дека работи генераторот кој може да создаде отровни гасови кои би можеле да ги загрозат гостите и екипажот. Тој изјави дека електричарот не спомнал ништо за тоа што генераторот не бил сместен во машинскиот оддел.

И двајцата изразија сочувство до семејството и жалење што се случила трагедијата. Ова, како и нивната невиност, коректно однесување на суд и реакција по трагедијата, беше земена како олеснителна околност во текот на судскиот процес.

Би можело да ве интересира

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска