Затлер: Можни се промени во работата на Уставниот суд на БиХ

Од:

Специјалниот претставник на Европска Унија во Босна и Херцеговина, Јохан Затлер денеска изјави дека се можни измени во работата на Уставниот суд, но оти е потребно во согласност со процедурите за тоа да се договорат политичарите.

– Граѓаните очекуваат од политичарите да најдат решение и тоа сега е приоритет број еден, истакна Затлер за сараевскиот весник „Ослобоѓење“

Тој додаде дека е можно БиХ од моменталната ситуација да излезе без притисокот од надворешниот фактор.

– Мислам дека тоа е можно, но еден од предусловите е да постои добра волја и одредена доза креативност што ќе им овозможи на домашните лидери да се седнат на маса и да разговараат за решенија, посочи Затлер.

Тој потенцира дека негова и работа на меѓународните претставници во БиХ е да ги држат отворени каналите за комуникација и да пружат помош.

– Но, пред да направиме што било потребно ни е да видиме дека постои волја и подготвеност, истакна Затлер.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски