Заразена од коронавирус плаќала сметки во пошта во Загреб

Од:

Жена заразена од коронавирус утрово влегла во пошта во Загреб, а откако ги платила сметките ги информирала присутните дека е заразена и дека треда се да дезинфицираат.

Поштата е затворена и веднаш е повикан епидемиолог.

Шефот на Цивилната заштита на Нов Загреб, Валентин Рајковиќ за ХРТ изјви дека жената требало да биде во самоизолација.

– Утрово таа дошла да ги плати сметките и кога завршила кажала дека е заразена од коронавирус и дека сè треба да се дезинфицира“, рече Рајковиќ.

Тој додаде дека сите кои во тој момент биле во поштата треба да се изолираат и ги замоли заразените да останат дома.

Би можело да ве интересира

Преглед на состојбата со коронавирус во светот

А1он

Од полноќ Австрија целосно ја отвора границата кон Словенија

А1он

Француска анализа тврди дека децата ретко се преносители на Ковид-19

А1он

Србија сака да покрие дел од трошоците од пандемијата со помош на Фондот за солидарност на ЕУ

А1он

Турција ги обновува летовите со околу 40 земји

А1он

Масовни тестирања во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти

Ана Ололовска