Романија Либера – Букурешт
Земјите од Балканот почнуваат да се вооружуваат. Србија и Хрватска купуваат ракети – првите од Русите, вторите од Американците. Бугарија бара повеќенаменски авиони, а Романија ќе ги добие такви токму оваа година.
Русија ќе достави вооружување „за да воспостави баланс на силите на Балканот“, објавија на крајот на минатата година медиумите во Москва.
Русија ја зема предвид намерата на Хрватска, земја-членка на НАТО, да купи тактички ракети земја-земја МГМ 140 од САД, набавка која би го „поткопало“ балансот на силите во регионот, тврди руската пропагандна агенција Спутник.
На Балканот, најблиска земја на Русија е Србија – неутрална држава, традиционален противник на Хрватска. Следствено, Русија изрази подготвеност да и достави на Србија воени авиони МиГ-29 и системи за противракетна одбрана со мал и среден дострел.
Србија има студени односи со САД и НАТО, како резултат на неодамнешната историја од времето на Милошевиќ, кога НАТО ја бомбардираше Југославија.
Српскиот премиер Александар Вичиќ праша на крајот на 2015 година, според телевизијата Б92, „зошто другите имаат потреба да се вооружуваат, кога се опкружени само со држави-членки на НАТО, со исклучок на една и единствена држава која не е членка на НАТО, а тоа е Србија?“
Очигледно, Русија е подготвена да и понуди алтернатива на Србија. Според извори од Мисква, „српската Армија смета дека носењето на нови оружја на Балканот (од Хрватска) ќе го смени балансот на силите во регионот.
– Тие знаат дека нема да добијат помош од оние кои помогнаа за проширувањето на НАТО (по приемот на Хрватска во 2009 година). Србите сега ни се обраќаат нам. Србија веќе испрати до Русија барање за достава на оружје, а специјалната комисија за билатерална воено-техничка соработка треба да се состане до крајот на јануари, објави рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин.
Српската армија покажала интерес на прво место за противракетните системи „Бук“ и „Тор“ со мал дострел, како и за системите со среден дострел од моделот „Панцир-Ц1“. За сметка на тоа, достава на ракетни системи Ц-300 не се разгледува, затоа што се тие многу скапи за Србија, тврдат извори од Москва.
Од друга страна, Министерството за одбрана во Белград би сакало да купи неколку борбени бомбардери МиГ-29. Србија веќе има десет авиои од тој тип, од кои шест се купени од Русија во 2013 година, како и 11 авиони МиГ-21. Според извори од Москва, Русија е подготвена да и понуди на Србија „брзо и лесно“ решение.
Бугарија, исто како и Хрватска, е сосетка на Србија, а во останатиот дел е оградена главно од членки на НАТО. Бугарија исто вложува напори да се вооружи. Софија може до крајот на 2016 година да потпише договор за купување на повеќенаменски авиони, објави минатата недела министерот за одбрана Николај Ненчев.
Според него, парламентарна комисија ќе одреди до крајот на март 2016 година какви модели на авиони ќе можат да бидат земени предвид.
– Во целина, тие авиони ќе можат да влезат во вооружувањето на Военото воздухопловство на Бугарија најрано за три години, потенцира Николај Ненчев. До тогаш, воздушниот простор над Бугарија ќе биде заштитуван од авионите на други земји-членки на НАТО.
Романија од воена гледна точка е многу понапредна од Бугарија. Веќе беа купени 12 авиони Ф-18 од Португалија или една ескадрила. Девет од тие авиони ќе влезат во вооружувањето на романското Воено воздухопловство до крајот на 2016 година, а останатите три во 2017 година.
Паралелно, Министерството за одбрана веќе започна анализа на меѓународниот пазар за купување на втора ескадрила, во која ќе има 12 авиони Ф-16. Претставниците од Министерството појаснија за „Романија Либера“ дека долгорочните планови на Министерството за одбрана генерално се однесуваат на вкупно 48 авиони. Тие ќе бидат групирани во три ескадрили по 16 авиони.