Започна Филмскиот фестивал во Сараево

Од:

Со проекцијата на филмот „Деца“ на Аида Бегиќ, на 6-ти јули свечено е отворен 18-от Sarajevo Film Festival (SFF),  најголемата регионална филмска смотра.

На Фестивалот кој ќе трае до 14-ти јули, ќе бидат прикажани вкупно 210 кратки, играни и документарни филмови од 57 земји.

Покрај филмот „Деца“, уште осум филмови ќе се натпреваруваат за најпрестижната фестивалска награда „Срцето на Сараево“ во категоријата – игран филм. Покрај признанието, првонаградениот добива и парична награда од 16 илјади евра.

На чело на жирито оваа година е унгарскиот режисер Корнел Мундруцо.

За првото место во категоријата – краток филм, ќе се борат десет, а во категоријата документарен филм – 22 филмови.

Ќе биде прикажан и филмот „Јас Ана“, на Шарлот Ремплинг, која е најавена како еден од специјалните гости на овогодинешното издание на Sarajevo Film Festival.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина