Во северниот дел на Косовска Митровица синоќа по 23 часот е запален патнички автомобил, на еден Србин.
Автомобилот „Форд“ со белградски регистарски таблички бил паркиран пред една зграда, а бил запалет така што претходно сторителите го скршиле стаклото, по што полиле запалива течност.
Сопственикот на автомобилот е Србин од Косовска Митровица, кој е вработен како професор во едно средно училиште во градот.
Противпожарните единици го ставија под контрола пожарот, а косовската полиција на лице место направи увид.
За сега се уште не се знае мотивот за овој инцидент, како и сторителите.
Елена Георгиевска