ВИДЕО: Опозициски активисти го бркаа заменик градоначалникот на Белград по „Кнез Михајлова“

Од:

Активистите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) синоќа во центарот на Белград го бркаа заменик градоначалникот Горан Весиќ, откако ја промовираше книгата за главниот град на Србија.

Инцидентот се случи по промоцијата на „Книгата за Белград“ на Горан Весиќ, кога прво имаше взаемно туркање меѓу членовите на обезбедувањето на Весиќ и активистите на СзС, а потоа и бркање на заменик-градоначалникот додека тој одеше кон службениот автомобил, извикувајќи „Уа“ и „Весиќу крадецу“.

Според агенцијата Бета, инцидентот се случил кога Весиќ излегувал од галеријата „Прогрес“ на улицата „Кнез Михајлова“, каде беше одржана промоцијата на книгата.

За време на меѓусебното туркање на припадниците на обезбедувањето на Весиќ и активисти на СзС, делуваше дека некој го турна заменик градоначалник, а потоа активистите на опозицијата трчаа по Весиќ од излезот на галеријата во правец на улицата „Змај Јовина“. Тие со навреди ги пречекаа гостите на промоцијата, меѓу кои и генералниот секретар на Претседателот на Србија, Никола Селаковиќ, а една од активистите на СзС се обиде со телото да го запре возилото во кое се наоѓаше Весиќ.

Претходно, во вечерните часови се случи вербална конфронтација, проследена со туркање од активисти на владеачката Српската напредна партија (СНС) и Сојузот за Србија, кои пред галеријата Прогрес ја организираа изложбата „Весиќ, каде е сега мојот Белград“. Инцидентот се случи кога активистите на СНС се обидоа да им ја предадат книгата на Весиќ на претставници на Партијата за слобода и правда (ССП), Борко Стефановиќ и Марко Бастаќ, кој е претседател на општината Стар град .

Додека активистите на СзС викаа „Весиќ, крадец“, припадниците на СНС одговорија со „Ѓилас, крадец“.

Младите на двете партии почнаа да се туркаат, но ситуацијата брзо се смири.

Министерот за труд и социјална политика Зоран Ѓорѓевиќ, исто така, беше исвиркан од активистите на СзС кога влегуваше на презентацијата на книгата на Весиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати