Заков: Загарантирана е безбедноста на Бугарија во Црно Море

Од:

Новиот бугарски министер за одбрана Драгомир Заков откако положи заклетва истакна дека доколку има потреба силите на НАТО може да бидат стационирани на бугарска територија, но под одредени услови, јави дописникот на МИА од Софија.

– Бугарија е членка на НАТО и зборот НАТО не е валкан збор. Доколку е потребно, претпоставувам дека сите Вие ​​би се чувствувале побезбедни доколку треба да дојдат силите на НАТО, но тоа ќе се направи по одредена процедура, истакна Заков.

Тој додаде дека е загарантирана безбедноста на Бугарија на црноморската граница.

– НАТО веќе ги активира плановите за одговор. Црното Море е дел од оваа област на одговорност на НАТО, така што можете да бидете апсолутно сигурни дека Црното Море е безбедно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче